Во 2014 година Ријана покажа сè од себе на медиумските корици. Пејачката направи неколку провокативни фотосесии, кои излегоа без цензура. На крајот на годината таа одлучи за последно да го соблече горниот дел и тоа го направи на доста гламурозен начин.
Само пред неколку дена добитничката на „Греми“ беше домаќин на дијамантски бал со добротворна цел да ја потпомогне финансиски својата фондација „The Clara Lionel Foundation“, која им помага на луѓето од третиот свет.
Ријана блесна во раскошен фустан на Зак Позен, со кој буквално изгледаше како кралица. За обожавателите кои не присуствуваа на настанот, ѕвездата сепак подготви специјално изненадување. Пејачката го собра својот тим и направи еден куп селфи фотографии со смкнат горен дел. Над една од фотографиите објавени на социјалните мрежи, убавицата напиша: „Му благодарам на фантастичниот тим кој одвои време и се потруди за дијамантскиот бал“.
Ријана сепак овој пат ги сокри барем брадавиците, бидејќи нејзиниот профил оваа година неколку пати беше блокиран т.е. цензуриран од администраторите на социјалната мрежа „Инстаграм“, заради провокации на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



