| четврток, 6 декември 2018 |

Нова претстава во кумановскиот театар

Театарска престава „Грдиот“ премиерно ќе биде изведена во кумановскиот театар на 20 декември. Претставата е работена по текстот на германскиот драматург Мариус фон Мајенгбург, во режија на Дејана Николовска.

Претставата „Грдиот“ е кратко, но структуирано драмско дело, социјална сатира со скокотлив и остроумен хумор, како што го нарекува светската критика.

„Грдиот“ обработува тема која е доста актуелна, а тоа е опсесијата на човекот со надворешниот изглед, ставајќи го како најбитен фактор во искачувањето на скалилото на професионалната кариера, што ќе води кон деперсонализација на самата личност.

Главната улога ја има Александар Микиќ, актер со долгогодишно искуство на театарската сцена. Во претставата, освен Микиќ, ќе настапи и актерската екипа составена од искусни актери, како што се Александра Пешевска и Оливер Митковски, како и Игор Трајковски, кој дебитира во претствата.

Режисерката Николовска најави одлично театарско доживување и ја повика младата публика да ја погледне претстава, која, според надлежните праќа многу силни пораки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top