Алуминиумот кој се содржи во антиперспирантите можеби го загрозува здравјето, па луѓето би требало да ја намалат употребата на оние коишто го содржат овој метал, предупредува германската здравствена агенција.
Според германскиот Сојузен институт за процена на ризиците, потребни дополнителни испитувања на долгорочните здравствени ефекти на изложеноста на ниските концентрации на алуминиумот кој го има и во другите козметички средства, пастите за заби и пакуваната храна.
-Луѓето не смеат да ги потценат ефектите од децениското користење на антиперспирантите кои содржат алуминиум, предупредува токсикологот Ариана Лензнер.
Според неа, поголем дел од луѓето со самата храна внесуваат количество алуминиум кое што може да се толерира.
– Сè уште нема сигурни научни докази за врската меѓу внесувањето во алуминиум и Алцхајмеровата болест или ракот на дојката, додава Лензнер. Сепак, Институтот потсетува на истражувањата кои што покажале дека поголеми дози алуминиум имаат невротоксични ефекти врз луѓето и дека им штетат на фетусите кај животните.
Институтот им препорачува на возрасните Германци седмичното внесување на алуминиум да го ограничат на еден милиграм по килограм телесна тежина. Експертите сметаат дека тоа количеството се внесува со едно нанесување на антиперспиранти со алуминиум.
Алуминиумот го има и во водата за пиење, разни видови зеленчук, ливчињата чај и зачините, како и во козметиката, како што се сенките за очи, кармините и кремите. Дополнително во организмот влегува и преку алуминиумските фолии во кои се завиткува храната.
Здравите луѓе го излачуваат алуминиумот преку урината, но тој во текот на животот се таложи во белите дробови и во коскениот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.