| четврток, 6 декември 2018 |

Мажи, внимавајте! Познат дезодоранс предизвикува изгореници

Многу мажи се жалат од дезодорансот Old Spice: Pure Sport High Endurance, за кој тврдат дека им ја оштетува кожата под пазувите. Имено, како што споделуваат на социјалните мрежи, од фотографиите можеда се види дека по користењето, на кожата се јавува изгореница и осип.

izgorenici

Медиумите ја пренесуваат инфорацијата од 23-годишнот студент од Александрија во ВирџинијаРодни Коли, кој едно утро се разбудил под пазувите со нешто што наликувало на поленски осип.

– По туширањето имав чувство дека раката ќе ми изгори. Се погледнав во огледало и видов дека кожата ми е отечена на тоа место, опишува тој и смета дека повредите на неговата кожа се резултат на употребата на дезодорансот Old Spice: Pure Sport High Endurance, кој тогаш почнал да го коисти.

Проктер и Гембл: Old Spice е безбеден

И Мајкл Смит на Јутјуб објавил видео во кое опишува како се чувствува по користењето на овој дезодоранс. Тој ги повикува сите кои имале исто или слично искуство со овој производ да поднесат тужба против произведувачот.

Иако Родни тврди дека бројот на жртвите е колку една мини армија, а прозиведувачот Проктер и Гембл, пак, има спротивно мислење и неговиот официјален став е дека дезодорансот е бебеден. Сепак, на официјалната страница објави дека ќе го испита случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top