Дезодорансите и стиковите се нешто без што 99 отсто од луѓето не можат да си го замислат денот. Но повеќето од нив оставаат бели траги на облеката, кои не исчезнуваат ни по неколку перења. Ако на тоа се додаде и фактот дека и следниот пат кога ќе ја облечете истата облека таа повторно ќе биде изложена на дезодорансот, се чини дека борбата со дамките однапред е загубена.
Но сепак постојат три решенија што се наоѓаат во вашата кујна.
1. Сол
Наводенете го местото што има остатоци од дезодоранс и истријте го со малку сол. Оставете го така да преноќи, а потоа повторете ја постапката, но со нежно триење на ткаенината. Исперете ја облеката на вообичаен начин, а дамките ќе исчезнат. Овој метод е одличен за отстранување стари дамки и е безбеден како за белата така и за обоената облека.
2. Оцет
Намачкајте го со оцет местото со дамки и оставете го да преноќи. Наутро облеката исперете ја на вообичаениот начин. Овој метод користете го кога станува збор за обоена облека, облека од волна или друг природен материјал. Избегнувајте го на бела облека, бидејќи таа може да добие жолтеникава боја.
3. Сок од лимон и сода
Со помош на сокот од лимон и сода лесно можат да се отстранат новите дамки од дезодоранс. Едноставно, исцедете неколку капки сок на трагите од дезодоранс и едно лажиче сода и оставете да стои 5-10 минути, потоа исперете ја облеката на раце во топла вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.