| четврток, 6 декември 2018 |

За што се можете да го користите дезодорансот?

Дезодорансот служи пред сé за да ви помогне во борбата против лошите мириси, макар и на невообичаени места. Ама има и неколку други примени.

– Ако имате лоши чевли или стапала што пребрзо се потат, лошиот мирис е неизбежен. За да го спречите, доволно е навечер пред спиење да напрскате дезодоранс на стапалата. Набрзо ќе заборавите дека воопшто сте имале проблем со смрдливи стапала.

– Жените со поголеми гради често имаат проблем со потењето во пределот под нив. Погодувате, пред облекување на градникот, попрскајте малку дезодоранс под градите.

– Ормарите, со тек на времето, можат да попримат некои специфични и не баш пријатни мириси. Земете дезодоранс-стик, отворете го и ставете го во плакарот. Во иднина, вашата облека ќе мириса на свежина.

– Ако ви чкрипат вратите и кваките, попрскајте ги  со дезодоранс. Уживајте во тишината.

– Чевлите кои ви се тесни веројатно ќе ви создадат пликови. За да ги спречите, напрскајте малку дезодоранс на местата каде што ви е најтесно на ногата. Спрејот ќе делува како бариера меѓу кожата и чевлата, така спречувајќи го триењето и сите негативни последици од него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top