| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска почнува тридневен поетски караван на ДПМ во чест на Блаже Конески

Друштвото на писателите на Македонија од денеска го почнува поетскиот караван посветен на основоположникот на македонската писателска асоцијација, поет, есесит, книжевен историчар и лингвист Блаже Конески.

Во караванот ќе учествуваат 60-тина поети од различни генерации, а тој ќе трае до 19 декември, денот на раѓањето на Конески.

Караванот ќе почне на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ каде со свои стихови ќе се претстават 25 поети. На средбата поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, Славица Велева и претседателот на ДПМ, Веле Смилевски.

Во четврток во ДПМ ќе се одржи поетска средба со учество на триесетина поети од целата држава, а во петок во основното училиште „Блаже Конески“ неколкумина писатели за деца на симболичен начин ќе одржат час за Конески.

Со оваа тридневна манифестација завршува годинашниот циклус на поетскиот караван на ДПМ, кој покрај Скопје, ги посети Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Велес, Радовиш, Кожле и Ѓорче Петров. Караванот на ДПМ се организира во рамки на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top