Порноактерката Џенис Грифит, којашто беше фрлена во базен од покрив, покрена судски процес против Ден Билзеријан.
Професионалниот коцкар и „суперѕвезда“ на Инстаграм ја ангажирал профноѕвездата Џенис Грифит во април, наводно, за снимање кај него дома, на еротски фотографии за „Хаслер“.
Меѓутоа, снимањето се претворило во журка на базен, којашто за малку ќе завршела фатално.
Билзеријан, од само нему познати причини, предложил да ја фрли Грифит гола од покривот во базенот. При падот таа се здобила со многубројни повреди и го скршила стапалото. Џенис тврди дека Билзеријан и луѓето од „Хаслер“ ја убедувало дека тоа е потполно безбедно и дека милионерот „знае што прави“.
Таа наведува дека кога почнала да вика од болка, ѝ нуделе алкохол за да престане да ја боли наместо да побараат медицинска помош. Кога ги контактирала преку адвокат, добила одговор дека е непрофесионална и неблагодарна.
Пред некоку месеци порноглумицата најавувала тужба, но сега се решила и бара отштета, како и надоместок за изгубените хонорари затоа што поради повредите морала да направи пауза во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле



