| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон во топлес издание

79258_alure_630x0

Холивудската актерка Џенифер Анистон е во топлес издание во најновиот број на магазинот „Алур“. Таа има провокативна фотографија со нејзниот најдобар пријател и фризер Крис Мекмилан. Во интервјуто за магазинот Анистон говори за мајчинството, за нејзината врска и за новиот филм „Кејк“.

79257_alure-1_630x0

– Не го сакам притисокот кој луѓето го создаваат врз мене и другите жени за кои говорат дека се неуспешни ако не се мајки. Тоа не е во ред. Можеби детето нема да излезе од вас, но тоа не значи дека не сте мајка ако не се грижите за пријателите, нивните деца, за миленичињата – изјави актерката.

Во филмот „Кејк“ Анистон глуми жена и тоа без шминка и со лузни. За улогата доби номинација за „Златен глобус“.

79256_alure-2_630x0

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top