Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево затворен е за сообраќај на сите возила. Ова е сезонско затворање на патниот правец преку планинскиот премин Галичица и ќе биде на сила до 31.03.2015 година, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
Магла со видливост од 50 до 100 метри има во Битола, Прилеп, Скопје, Куманово, Тетово, Кочани, Струмица, Гевгелија, Сарамзалино, Павлешенци како и на патните правци Велес-Скопје и Велес-Штип.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


