Македонската машка ракометна репрезенатција имаше неверојатно лош влез во натпреварот со Исланд од третиот круг во групата Б на шпанскиот мундијал, но сепак не ги загуби сите шанси за пресврт во вториот дел. Напротив по негативата од 4-0 во 8 минута, успеавме да се рехабилитираме целосно за 10-10 на паузата меѓу двете полувремиња.
Активниот резултат се должи на одличната одбрана и 10. интервенции на голманот Борко Ристовски, но техничките грешки, вкупно 10 и денеска одлично чуваниот капитен Кире Лазаров се глвна причина, што ниту еднаш не поведевме и постојано бркавме негатива.
Исланд е една од селекциите кои со нас имаат извноредно позитивни резулатати од меѓусебните и важат за прикриен фаворит на СП во Шпанија. Шансите за победа со островјаните постојат и сега само ни е потребна концентрација и поразновиден напад, секако со истата дефанзива од првиот дел што заврши со симетричен резултат.
Инаку во првиот натпревар од третото коло во групата Б во Севиља Русија го победи Катар со 29-22.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


