Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево затворен е за сообраќај на сите возила. Ова е сезонско затворање на патниот правец преку планинскиот премин Галичица и ќе биде на сила до 31.03.2015 година, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
Поради појава на магла, видливоста е намалена на 50 метри на патните правци Велес-Скопје, Велес-Штип, Катланово-Велес, во Тетово, Мак.Брод, Срамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево и Струмица.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автопатите лизгалишта, директорот на „Македонија пат“ задоволен (фото – видео)
-
Магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка: А снег вее на Шапка, Стража, Маврово и Крушево
-
Магла и остатоци од снег на дел од патиштата
-
Предупредување за возачите: Влажни коловози и снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево