| четврток, 6 декември 2018 |

Во котлините магла, на повисоките места сонце

valley_fog_1

Во понеделник времето ќе биде слично со онa кое го имавме во недела. Според Метеопро, претпладне повторно ќе има магла во поголем дел од котлините и речните долини, а во повисоките региони ќе преовладува сончево време. Попладне, со прогресија од запад кон исток, ќе започне наоблачување. Попладне и маглата низ котлините значително ќе се намали, а со тоа значително ќе се зголеми видливоста.

Минималната температура ќе има вредност околу -3° низ котлините во поголем дел од земјата. На повисоките места во западниот крај минималната температура ќе има вредност околу 0°С, додека утрото во источниот крај ќе биде постудено со минимална темпратура околу -4°С.

Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 9°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Мало стагнирање на температурата во текот на денот ќе има во котлините каде ќе има магла. Таму постои веројатност максималната температура да не надмине 7°С.

Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 11°С.

Во скопската котлина сончево ќе биде на околните планини, додека во котлината утрото ќе биде магливо. Маглата ќе се задржи и претпладне, но ќе има тенденција на постепено зголемување на видливоста. Попладне облачноста постепено ќе се зголемува, додека вечерта повторно ќе има појава на магла, но послаба од утринската. Минималната температура ќе има вредност околу -4°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 5°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top