Десеткуваниот состав на МЗТСкопје го претрпе осмиот пораз во Јадранската лига на гостувањето во Загреб кај Цибона. Актуелниот шампион на АБА лигата славеше со 70-61, во меч во кој гостите од Скопје имаа предност до стартот на последната четвртина, но сепак со пораз се враќаат дома.
МЗТ го почна мечот без домашен играч во стартната петорка, а по 30 минути игра водеше со 56-54. Кога се одлучуваше победникот македонскиот првак не беше на потребното ниво и Цибона ја искористи шансата за нова победа. Најефикасен кошаркар беше Лалиќ кај Цибона, додека кај МЗТ Скопје Диксон уфрли 18 поени. Во составот на Цибона играше и Владо Илиевски, кој постигна 5 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



