
Бесплатни часови во Заводот за физикална медицина и рехабилитација за децата со Даунов синдром организира Министерството за здравство од средината на јануари идната година. Тренинзите ќе се одржуваат четири пати неделно по еден час. Едукацијата ќе ја спроведуваат врвни спортски тренери преку посебна програма прилагодена за овие лица со цел зголемување на нивната физичка активност. Пред да започнат со часовите ќе треба да направат соодветен здравствен преглед. Ова го соопшти Никола Тодоров, министерот за здравство на Македонија.
– Физичката активност, игрите и рекреацијата се методи кои на децата им помагаат да го развијат тонусот на мускулатурата и да ја развијат моториката. Воедно, со активноста како што е пливањето се поттикнува и тимска работа, се развива дисциплината и се зголемува социјализацијата на децата – изјави Тодоров.
Заинтересираните може да се пријават за бесплатните часови по пливање во секторот превентива при министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром


