Тетовката Нина Костовска, која стана позната од видеото „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“ вчера дипломираше на Државниот универзитет во Тетово на катедрата за македонски јазик и книжевност. Таа е првото лице со Даунов синдром во Македонија кое завршило високо образование. АлександарМатовски Цако, исто така лице со Даунов синдром е студент на Педагошкиот факултет во Скопје, на групата предучилишно воспитание.
Костовска со деветка ја одбрани дипломската тема, во која детално ја обработува книгата од детската книжевност „Белото Циганче“ од Видое Подгорец.
Родителите на Нина се надеваат дека таа ќе може да најде работа во некоја од институциите и ќе работи, а не само да се вработи и да зема плата.
Битолчанецот Коста Ќука, исто така е лице со Даунов синдром, неколку години е вработен во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола. Ќука пред три години првпат во живо тот доби вработување преку огласот на Министерството за труд и социјална политика за вработување лица од социјално ранливи категории.
Костовска и Ќука се активни членови на Центарот за Даунов синдром.
На 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром министерот за здрравство Венко Филипче нагласи дека овие лица заслужуваат да бидат дел од институциите и да бидат вработени и со тоа да станат активни чинители во општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром
-
Светски ден на Даунов синдром: 1.589 луѓе облекоа шарени чорапи во Зеница и го соборија светскиот рекорд (видео)
-
Деца со Даунов синдром играат во претставата „И јас можам да бидам балерина“ (видео)