| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со нова теорија за среќата

ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираше на изјавите од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната трибина во Струмица.

Го гледаме така човекот без око да му трепне си кажува онака од ракав, си тресе празни тези, и гледаме дека е полн со гнев омраза лична фрустрација и не нарекува зло. Ние во оваа прилика немаме намера да му одговараме со погрдни зборови и погрден речник како што тој користи, стои во реакцијата.

– Прво, да почнеме со што друго, ако не со бомбата. Вика дека од првата бомба ќе паднела Владата. После тоа тој вика дека ќе активирал и втора бомба појака од првата, трета појака од втората, четврта појака од третата и така Владата ќе морала да падне. Како тоа ќе продолжи со бомбите до четвртата кога веќе на почетокот кажа дека ќе сме паднеле од првата бомба?!? Зошто би продолжувал ако нели ќе паднеме уште од првата? И би прашале дали тоа мисли 4-те бомби да ги фрли во период од 3 дена зашто нели, по бомбата, во рок од три дена ќе сме си оделе од власт, така самиот изјави пред 2 месеци. Веројатно заборавил на тоа.Второ, кажува дека ќе има 1,2,3,4 бомба, ги најавува еве веќе 2 и пол месеци, па се нешто објаснува, па се дообјаснува, а никако да почне со бомбите. Една бомба, втора бомба, четврта бомба, трета бомба, осма бомба, стотта бомба, а никако да почне – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија Заев бил најчуден убедливо со делот со среќата.

– Заев вели, нема да си посакаме среќа зашто ја нема среќата. Ако немаме среќа, баш треба да си посакаме. Се прашуваме што мислеше со тоа што го кажа? Во меѓувреме, разгледавме различна литература и не можеме да најдеме некоја логична или филозофска подлога на оваа негова длабока мисла – реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Вели не можеме да си посакаме пари зашто сите пари ги испокрадоа. На кои пари мисли на тие од тендерите што им ги делеше на роднините и на пријателите, да не мислеше на аудито што го вози во вредност од 130 илјади евра, или на имотот што со фамилијата го поседуваат од над 12 милиони евра, а што го создал во најголем дел додека е градоначалник. На него дефинитивно не му треба посакување пари зашто ги има на претек. Или да не мисли тоа дека и Радмила не треба да посакува пари. Па нормално дека не треба, доволно и е што живее во луксузен стан од 200 квадрати и патем си плаќа самата на себе кирија за тој исти стан од по 5000 евра месечно? Или на нејзината лускузна викендица во Маврово, или на скапите коли што ги менува како чорапи?- стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ се прашуваат дали можеби Заев мисли дека и Шилегов не треба да си посака пари, и тоа го разбираме, човекот живее во екстра услови и има тон пари и се фали дека пратеничката плата ја користи само за кафе. Или Милчин, кој троши ли троши по 5 милиона евра годишно само за медиуми и невладини, плаќа разни гавази, а да не збориме што живее во луксуз, или Геровски, кој не знае колку станови има и колку пари годишно инкасира од Сорос. Нормално тие не мора да си посакаат пари за Нова година. Имаат на претек, велат од владејачката партија.

И конечно на крај, од таму порачуваат Заев на трибината еуфорично ги повикува сите негови сопартијци оваа година да си посакале власта да си заминела. Сакаме да му порачаме да не ги малтретира луѓето да седат под елките, луѓето си имаат попаметни работи, а ако тој сака, и нема друга работа, или смета дека во недостаток на програма и стратегија, уште замислувањето желби му останало како опција, нека си седи под елката и како што тргнал, знаеме дека уште многу долго време ќе си остане да си седи таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top