| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Поповиќ повторно поднесе тужба против Северина

Хрватската пејачка Северина не дозволила Александар да присуствува на роденденот на неговиот татко Милан Поповиќ, а тоа го натера бизнисменот да поднесе кривична пријава против.

– Милан ја праша Северина дали ќе му дозволи со Александар да го прослави својот роденден, но таа не дозволи. Иако детето ни до

сега не го пушташе кај Милан, надвор од договорениот термин, сепак мислеше дека ќе попушти за неговиот роденден. Тој беше
очаен и тажен поради однесувањето на пејачката – вели извор близок до Милан.

Инаку Поповиќ поднесе тужба против хрватската пејачка, поради клевета, бидејќи таа неодамна тврдеше дека тој го фалсификувал
пасошот на нивниот син Александар. Поради ваквите тврдења на Северина, Милан доби забрана да го изнесе детето од Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top