| четврток, 6 декември 2018 |

Снег на Шара

snegbosnahr

Слаби врнежи од снег, вечерва се регистрирани на повисоките места во Македонија.

Снег кој формирал покривка од само неколку сантиметри е регистриран на Шар Планина.

Врнежи од снег помешани со дожд се регистрирани и на планинскиот превој Стража, но не претставуаат никаков проблем за одвивањето на сообраќајот.

Снежни врнежи во моментов има и на Кожуф, но не се доволни за формирање на снежна покривка.

Послаб снег денеска и на Бистра. Во Маврво стазите побелеа, но се уште нема доволно снег за скијање.

Снег во комбинација со дожд и на врвот на скопско Водно.

Во останатиот дел од Македонија врнежите се претежно од дожд. Метеоролозите не најавуваат интензивни снежни врнежи во котлините во наредните неколку денови.

Во Скопје, снегот беше најавен дека ќе падне на 22 и 23 декември, како и на 30. и 31 декември, за дочекот на Нова Година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top