| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон изложба во чест на Елвис Присли

Elvis Auction

Познатите одела и розовиот кадилак кој му припаѓаше на Елвис Присли се само дел од 300 предмети кои од денеска се претставени на изложба во Лондонската „О2“ арена. Ова е најголема европска изложба организирана во чест на кралот на рокенролот.

Поголемиот дел од изложените предмети досега била само во домот на Присли, Грејсленд во Мемфис, а меѓу предметите има костуми, инструметни и никит кои се сместени во реконструираниот ентеријер на неговиот дом во Тенеси.

Меѓу изложените предмети се и златниот костум од 1957 година, костумот од извезениот американски орел, црниот кожен комплет…

– Ова за нас е исклучително важно – изјави неговата поранешна сопруга Присила Присли, која активно го води води Грејсленд.

– Се обидовме да избереме работи кои навистина ќе ја интересираат публиката – изјави Присила Присли за „Гардијан“.

Изложбата ќе биде отворена до 31 август идната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top