Натпреварот од рамките на Лига на Европа меѓу Бешикташ и Тотенхем во осмата минута беше прекинат поради дефект на рефлекторите, но тоа не им пречеше на турските навивачи.
Во моментот кога настана потполна темница на олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, судијата им го покажа патот кон гардеробите на фудбалерите, а навивачите ги извадија своите телефони, ги запалија блицевите и го осветлија стадионот.
По 12-минутниот прекин, мечот продолжи, а Бешикташ славеше со 1:0, со што го обезбеди првото место во групата, пред Тотенхем, Астерас и Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УЕФА ќе го казни Бешикташ поради мачка
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Тотенхем со пет гола во мрежата на Стоук ја прекина црната серија во Англија
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа