| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите убиле 5.042 лица минатиот месец

­ Во нападите на исламиските екстремисти во светот, минатиот месец се убиени 5.042 луѓе, што покажува дека исламистичкиот екстремизам „е посилен од кога било“ и покрај намаленото влијание на Ал Каеда.

Екстремистите во ноември извршиле 664 напади во 14 земји, се наведува во заедничкото истражување на „Би­-Би-­Си“ и на Меѓународниот центар за истражување на радикализмот при Кралскиот колеџ во Лондон.

Борците на групата Исламска држава (ИД) во Ирак и во Сирија се одговорни за половина од овие напади, односно извршиле 308 напади во кои загинал 2.206 лица.
­

Овие податоци јасно покажуваат дека џихадистите и Ал Каеда не се веќе едно исто, се додава во извештајот.

Како што е наведено, 60 проценти од нападите ги извршиле групи што немаат официјално сојузништво со Ал Каеда, што покажува дека станува збор за „растечко амбициозно, сложено, софистицирано движење“.

Најзагрозена земја е Ирак, каде се убиени една третина од вкупниот број загинати минатиот месец, а следат Нигерија, Авганистан и Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top