| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Сега сме во океан полн со ајкули

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, изрази задоволство од досегашните изданија на неговиот клуб во елитното натпреварување, а за
осминафиналето рече дека задачата нема да им биде лесна, без разлика кој противник да го добијат.
­

– Исплашен сум од ждрепката поради тоа што во океанот има опасни ајкули. Досега, искрено, не игравме против екипа која е на посебно високо ниво. Но, за следната фаза може да добиеме таков ривал. Ќе почекаме да видиме што ќе добиеме, па потоа поконкретно ќе почнеме со анализите – изјави Мурињо.

Челси групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на првата позиција во конкуренција на Шалке, Спортинг и Марибор и од позиција на носители ќе го чека својот противник во осминафиналето.

Можни противници на Челси се второпласираните од групите со исклучок на англиските претставници Арсенал и Манчестер сити поради правилото за избегнување две екипи од иста држава, како и Шалке со кого беше во иста група.

Значи, тимот на Мурињо може да се сретне со Јувентус, Базел, Баер Леверкузен, Шахтјор или со Пари Сен-Жермен.

Извлекувањето на двојките за осминафиналната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи в понеделник во Нион точно напладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top