На 11 декември (четврток), со почеток во 20 часот, на сцената „Зебра“, ќе се одржи промоција на фотомонографијата за 10 години на фестивалот „Танц-фест Скопје“ – „Чудесниот свет на танцот“. Танцовиот театар Скопје е првата современа танцова компанија во Македонија, со своја матична сцена „Зебра“.
Претставата „О!(ТЕЛО)“ е дел од годинашната програма на танцовиот театар и се базира на експериментален однос на телото и на просторот. Во претставата ќе настапат: Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Матеја Киселичка, Адријана Андреева, Анастасија Данчевска, Ана Марковска, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Горана Гоговска и Елена Здравевска. Кореографијата е на Рисима Рисимкин за „Лудус“ и „Јас и ти“ и на Адријана Данчевска на „Живи на друго место“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.