Австриската влада усвои нацрт-закон за исламот, со кој треба да дејствува против ширењето омраза и радикализација.
Забраната за финансирање оџи и џамии од странство е главен дел на новиот Закон за ислам.
Бидејќи новиот закон забранува дејствување на оџи што се платени од странство, околу 65 исламски проповедници, кои ги плаќа турската влада, ќе мора до крајот на идната година да ја напуштат Австрија.
Министерот за надворешни работи Себастијан Курц и министерот без ресор Јозеф Остермаер не го прифатија барањето на Исламската верска заедница во Австрија да се воведе преоден рок од 15 години, туку останаа на тоа проблемот на странските оџи и финансирањето од странство да се реши до крајот на идната година.
Исто така, нацрт-законот, предвидува сите здруженија и клубови што имаат и верски дејства во иднина да мора да работат под официјални верски друштва како што е Исламската заедница во Австрија, или Алевитската заедница.
Законот, исто така, јасно подвлекува дека законите на државата имаат предност на верските правила. Законот предвидува и проповедите да се држат на германски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каменос: Од секаде доаѓаат пари за џамии, на муслманската полумесечина на Балканот, ќе одговориме со христијанска полумесечина
-
Франција затвори 20 џамии, најави и други мерки против радикалниот ислам
-
Италија ќе ги затвора тајните џамии
-
Терористите на ИД се кријат во џамии и користат луѓе како жив штит



