Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос вчера одговори на некои од обвинувањата од страна на пратеници на опозициската Нова демократија, кои во писмо до министерот за надворешни работи Никос Коѕјиас истакнаа дека Каменос „со голема површност се однесува кон многу сериозни прашања“ во однос на грчката политика кон Македонија.
Како што јавија некои грчки медиуми, Каменос во интервју за радиото „Реал ФМ“, одговарајќи на обвинувањето на пратениците на Нова демократија Кумуцакос и Георгиадис за „бесмислените изјави“ за Скопје и создавањето „христијански лак (полумесечина)“ на Балканот како одговор на исламскиот фундаментализам, рекол дека „ако Константинос Караманлис беше жив, Кумуцакос и Георгиадис ќе го избришеа“.
„Парите доаѓаат од необични извори, преку Турција, за универзитети, за изградба на џамии во Албанија, Скопје, Косово. (Исламскиот фундаментализам) мора да биде запрен, во спротивно ќе води кон (терористички) напади во иднина“, изјавил Каменос во врска со создавањето „христијански лак (полумесечина)“, јави ЕРТ.
Според грчката државна телевизија, Каменос рекол дека „мнозинството во Парлемантот е составено со албанските партии кои им се приклучиле на опонентите на Груевски и затоа не може да формира влада“ и одговарајќи на критиките на Кумуцакос, истакнал дека „политиката се прави со вистински елементи кои се општо прифатени“.
Во врска со неговиот став дека не прифаќа употреба на терминот Македонија во името на нашата земја, новинарот го потсетил грчкиот министер за одбрана оти владејачката СИРИЗА и негов коалициски партнер, се согласува со сложено име со географска одредница за севкупна употреба.
– СИРИЗА може да се согласува, јас не се согласувам – повторил Каменос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каменос ја почна партиската конвенција со „Калашников“ (видео)
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван
-
Каменос: Избори на крајот од мандатот или кога ќе треба да се донесат одлуки за националните прашања