| четврток, 6 декември 2018 |

Франција затвори 20 џамии, најави и други мерки против радикалниот ислам

france-closing-mosques-620x350Од декември до сега во Франција властите затвориле дваесетина џамии и простории за молитва каде се проповедал радикалниот ислам, соопшти вранцускиот министер за внатрешни работи Бернард Казанова.

-Во Франција нема нместо за оние кои повикуваат на омраза и ја поттикнуваат во просториите за молитви или џамиите, како и за оние кои не ги почитуваат одредените принципи на Републиката, првенствено на оние кои се однесуваат на еднаквоста на мажите и жените- посочува министерот.

-Затоа пред неколку месеци донесов одлука за затворање на џамии преку примена на вонредната состојба, законски или административни мерки. Околу 20 џамии до сега се затворени, а тој број ќе се зголемува- најави Казанова по средбата со францускиот совет за ислам.

Во Франција има околу 2.500 џамии и простории за молитви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top