| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите на ИД се кријат во џамии и користат луѓе како жив штит

Припадници на Исламска држава се кријат во џамии, а локални жители користат како жив штит бидејќи знаат дека руски борбени авиони не би пукале врз цивилни области, соопштија од руското Министерство за одбрана.

isil

– Тие знаат дека почитуваме џамии и никогаш не би нападнале цивилни области.  Руската армија внимателно проверува разузнавачки податоци пред да изврши напади, изјави Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана.

Антонов подвлекол дека разузнавачките податоци ги проверувале и по стотина пати, а ударите ги задавале откако биле целосно сигурни.

– Денес имаме податоци дека терористи се кријат во џамии. Имаме и видео податоци дека терористи ја кријат својата техника околу џамии, наведе тој синоќа по средбата со воени аташеа од неколку држави.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top