
Во Музејот на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата на архивски документи „Млада Босна и сараевскиот атентат“, подготвена од Архивот на Република Српска во Бања Лука по повод 100-годишнината од Првата светска војна.
Изложбата е составена од 38 паноа на кои се претставени 249 експонати и е поделена на пет хронолошко-тематски целини: Млада Босна, Подготвувачи и извршители на сараевскиот атентат, Сараевскиот атентат, Јулската криза во 1914 година, и Страдањата на Србите во Босна и Херцеговина.
Презентирањето на изложбата во Скопје е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Република Македонија и Архивот на Република Српска за која беше потпишан протокол на 9 април 2012 година во Бања Лука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“


