Патот до ски-центарот Кожуф, на кој има наврнaто снег во висина од околу триесетина сантиметри, е непрооден информираше денеска извршниот директор на центарот кој има седиште во Кавадарци, Ангел Наков.
До ски-центарот од гевгелиска страна, појаснува Наков, сега се стигнува само со моторна санка или специјална машина за чистење на снег, ратрак.
Тој изрази надеж дека во најкус можен рок снегот ќе биде исчистен и патот од месноста Смрдлива Вода кон ски-центарот ќе биде прооден
Наков додаде дека во скијачката населба има над половина метар снег, а на ски-патеките десетина сантиметри повеќе.
– Откако снегот ќе легне и ќе го натапкаме со основна подготовка на патеките, тој ќе биде основна база за годинешнава скијачка сезона – рече Наков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.