| четврток, 6 декември 2018 |

Ветар од 130 километри на час и 17 метарски бранови удри на брегот на Британија! (видео)

Некои железнички и авионски линии биле откажани, а 17.000 домаќинства на Западните острови веќе останале без струја. Силни ветрови и големи бранови, утрово ги погодиле крајбрежните делови на северозападна Британија, а се очекува дека метеоролошките услови ќе се влошат. Метеоролошката служба соопштила дека делови од Северна Ирска и Шкотска треба да бидат подготвени, бидејќи невремето кое брзо се развива, односно таканаречената “метеоролошка бомба”, се заканува да достигне брзина од 130 kmh, а студениот арктички воздух од северот би можел да го претвори дождот во снег, пренесува „Би-Би-Си“.

Некои железнички и авионски линии биле откажани, а 17.000 домаќинства на Западните острови веќе останале без струја. Временските услови на Шкотскиот брег утрово биле прилично лоши, рекол еден припадник на службата за спасување на море. Метеоролозите предвидуваат дека ветровите својот максимум ќе достигнат денес на пладне, предупредува „Би-Би-Си“.

“Met Office” вчера издале жолто предупредување за централните и северните делови на земјата. Се стравува дека по невремето, голем дел од Британија ќе биде парализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top