Оваа изложба беше поставена во месец август, во Македонскиот културен центар во Њуjорк. Изложбата ќе биде отворена денеска (среда, 10 декември) во 19:00 часот во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, продолжуваат со започнатиот проект “Кич, да!?/ сте или не/”. Седма година по ред, проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на изложбата на Ибрахим Беди.
Беди Ибрахим е роден во 1959 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за скулптура во класата на проф. Петар Хаџи Бошков во 1985 год. Во 1999 год. завршил магистерски студии на истиот Факултет на тема под наслов „Култура и природа“ кај проф. Стефан Маневски и Васил Василев. Од 1985- 1989 год. бил член на групата „Зеро“. Од 1986 год. е член на Друштвото на ликовни уметници. Во 1991 год. како стипендист престојувал на ФЛУ при Универзитетот „Мимар Синан“ во Истанбул, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 год. под менторство на проф. Томур Атагок вршел истаржувања во Кападокија. Од 1990 до 2002 година работел во Театарот на народностите како сценограф, сликар, и вајар изведувач. Во периодот од 2000 до 2002 година воедно ја извршувал и функцијата директор на Турската драма. Од 2002 год. е вработен на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Ваајрскиот оддел како доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање. Во 1999 год. бил член на Советот за култура при Министерството за култура на Р. М. , како и член на Комисијата при FARE Фондацијата. .. Од 2007 година до денес учествувал на повеќе ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои бил и претставник на македонија на престижното светско биенале во венеција со групата „Зеро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.