Тенка прекривка од снег утрово го обели Маврово. Слабите врнежи, сепак, беа доволни за првиот слој од овогодишниот снег кој во Маврово, Стража, Плетвар, Крушево и Делчево падна и пред почетокот на календарската зима.
Ски-сезоната хотелиерите и угостителите очекуваат да почне на 25 декември, до кога се очекува доволно висока прекривка за уживање во овој зимски спорт. Билетите за ски-лифтовите веќе се во продажба.
Иако температурата ќе падне и до под нулата, викендов во Маврово се очекува сончево време, совршено за бегство од гратската гужва и воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.