В петок, 12 декември, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена премиерата на јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ од Икума Дан.

Премиерата на оваа јапонско национално дело, обработува јапонска традиционална бајка. Во претставата ќе настапат солистите: Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши, Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецу, диригент: Мазахико Окочи. Учествува оркестарот на Македонската опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под раководство на Весна Димчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


