| четврток, 6 декември 2018 |

Леонардо ди Каприо си заминал од забава со 20 убавици под рака

Leonardo-Dikaprio-Veliki-Getsbi

Леонардо ди Каприо беше прогласен за апсолутен херој од машките обожаватели. Актерот, популарен по страста кон моделки, докажа дека бројката не е важна, туку желбата и од забава се прибра со 20 убавици под рака.

Леонардо бил на забавата „Арт Басел“ во клуб „1 Оак“, Саут Бич, во друштво на пријатели, но на крајот на забавата ги собрал  сите останати жени во ВИП- зоната и ги прибрал дома.

– Тој си замина со 20 жени. Лео е мојот херој. Беше опкружен од девојки.

Браќата Џонас беа малку исплашени од фактот дека жените, буквално, го нападнале. „Беше неверојатно“, изјавил очевидец.

lleo-di-kaprio-02

На Ди Каприо не му е првпат да остави  впечаток со женската придружба. Минатиот месец тој го прослави роденденот, на кој 80 проценти од гостите беа моделки, а пред тоа цело лето се забавуваше со пријателите на луксузна јахта околу Ибица, на која постојано имаше десетици убавици, иако официјално ѕвездата беше во врска со ангелот Тони Гарн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top