Леонардо ди Каприо го прославил 40. роденден во друштво на еден куп убавици и стари пријатели. Актерот, кој пред еден месец се раздели со ангелот Тони Гарн, во негов стил направил грандиозна забава во „Сохо хаус“ во западен Холивуд. Очевидци раскажувале дека преку 80 проценти од гостите биле млади убавици, кои му обрнувале особено внимание на славеникот. Вечниот ерген, чија листа со љубовници – модели е бесконечна, се забавувал во друштво на други срцекршачи, како скоро оженетиот Адам Левин, Тајрис Гибсон , Џон Хил, Ликас Хаас и неодамна разведената Робин Тик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.