Леонардо ди Каприо, без сомнение е еден од најголемите актери во денешен Холивуд, но и покрај неговите импресивни улоги, тој сеуште ја нема освоено престижната награда Оскар.
Можеби нема среќа со освојувањето на наградата Оскар, но дефинитивно има среќа кога се во прашање девојките во неговиот живот.
Погледнете ги имињата на девојките на Леонардо ди Каприо.
Бар Рафаели
Бар Рафаели, атрактивната израелска манекенка, со која Леонардо се забавувал во 2005 година и тоа полни четири години. Конечно раскинале 2009 година, иако се шпекулирало дека и понатаму се во врска, тие потврдувале дека се останати во добри пријателски односи. Во периодот додека бил во врска со Рафаели, Леонардо останува без два Оскара и тоа за филмовите „Авијатичар“ во 2005 година и „Крвав дијамант“ во 2007 година, кога бил номиниран за најдобар актер.
Деми Мур
Овој пар актери имал кратка авантура во 1997 година, кога младиот Леонардо бил на почетокот на својата кариера. Иако тогаш Леонардо ди Каприо не бил многу познат актер, сепак бил номиниран за најдобра машка улога на МТВ филмските награди, но повторно не ја освоил.
Британи Даниел
Може да се каже дека Британи е главен „виновник“ за добриот вкус на Леонардо. Двајцата се запознале на првиот филм на Ди Каприо “Basketball Diaries” 1994 година и набрзо започнале да се забавуваат. Леонардо тогаш имал 19 години, а Британи 18 години.
Наоми Кембел
Најголемата модна икона во деведесетите, Наоми Кембел, Леонардо Ди Каприо успеал да ја освои во почетокот 1995 година и со неа имал кратка авантура која завршила по само еден месец.
Клер Дејнс
Леонардо и Клер се запознале на снимањето на филмот „Ромео и Јулија“ и биле во врска две години, до 1996 година. И покрај тоа што меѓу нив имало одлична хемија на филмското платно, тоа не било случај во приватниот живот, па одлучиле да ја прекинат врската.
Линеа Дитрихсон
Во текот на 1997 година, Леонардо преминал на манекенки кои рекламираат долна облека, па така на неговиот репертоар се нашла и Линеа Дитрихсон, со која имал само кратка авантура.
Хелена Кристенсен
Леонардо Ди Каприо по снимањето на „Титаник“ можел да бира супер модели, па така во 1997 година доаѓа на ред Хелена Кристенсен, дефинитивно една од секс бомбите во деведесетите години.
Лив Тајлер
Лив Тајлер, ќерката на фронтменот на групата „ Аеросмит“- Стивен Тајлер, исто така била една од „жртвите“ на Ди Каприо. Со неа исто така имал само кратка авантура во 1998 година.
Ева Херцигова
На Леонардо очигледно омилени му биле манекенките кои рекламираат долна облека, па така започнал врска и со моделот на „Викторија Сикрет“ -Ева Херцигова. Ева во 1998 година била мажена со тапанарот на Бон Џови, Тико Торес, но не можела да му одолее на Леонардо ди Каприо.
Жизел Бундшен
Уште еден модел на „Викторија Сикрет“ на врвот од својата кариерата во деведесетите години била и Жизел, со која Леонардо бил во врска пет години, од 2000 година до 2005 година. Каприо токму со Жизел ги лечел раните од пропуштениот Оскар за филмот „Авијатичар“.
Тришел Канатела
Со оглед на тоа дека врската со Жизел не била во континуитет, Леонардо еден од прекините на нивната врска го искористил за забавување со играчката на американски фудбал во долна облека Тришел Канатела.
Сиена Милер
Британката Сиена Милер го завршува својот брак со Џад Лоу, токму заради тоа што го изневерила со Леонардо ди Каприо во 2005 година.
Ешли Робертс
Во текот на 2009 година, Леонардо повторно го искористува прекинот со Бар Рафаели и има кратка авантура со членката на „Pussycat dolls“, Ешли Робертс.
Ема Милер
На Леонардо изгледа главен порок му се манекените, па така во 2009 година, повторно се впуштил во кратка авантура со Ема Милер, која тогаш била во врска со актерот Џеси Меткалф.
Ана Виталстиња
Последната манекенка со која Леонардо се забавувал пред конечниот прекин на врската со Бар Рафаели, била Ана Виталстиња, со која глумецот бил во врска помалку од еден месец.
Блек Лајвли
Прекинот на врската со Бар Рафаели, Леонардо решил да го лечи со уште една убава блондинка, а тоа е Блејк Лајвли, со која се забавувал пет месеци во 2011 година.
Мадалина Генеа
Веднаш по завршувањето на снимањето на „Големиот Гетзби“, Ди Каприо започнува кратка авантура со италијанката Мадалина Генеа. Со оглед на тоа дека љубовниот распоред му е по натрупан од професионалниот, чудно е што Леонардо воопшто наоѓа време за глума.
Ерин Хитертон
Ерин Хитертон во која Леонардо се вљубил на прв поглед, исто така била среќна добитничка на внимание од Леонардо. Таа исто така е модел на „Викторија Сикрет“, а со Ди Каприо била во врска неколку месеци.
Тони Гарн
Леонардо продолжува со освојување на моделите на „Викторија Сикрет“, па како по договор, секоја година има право на барем една. Овој пат на ред стигнала и Тони Гарн, со која актерот се забавува во моментов. Тие се во врска од 2013 година, а тоа е најдолгата врска на Ди Каприо во последните неколку години. Којзнае можеби и тој конечно ја пронајде вистинската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.