Дамите и аренби-стилот доминираат меѓу номинациите за музичките награди „Греми“, кои беа објавени на американската телевизија „Си-Би-Ес“ од Ед Широн и Фарел Вилијамс.
Аријана Гранде е номинирана првпат. Бијонсе, Мајли Сајрус, Крис Браун и Тејлор Свифт, исто така, имаат номинации.
За песна на годината се борат Иги Азалија со „Fancy“, Сиа со „Chandelier“, Сем Смит со „Stay With Me“, Тејлор Свифт со „Shake It Off“ и Меган Трејнор со песната „All About That Bass“.
Во категорија деби се номинирани Иги Азалија, групата „Бастил“, Брандо Кларк и Сем Смит.
За најдобар вокален поп-албум, се натпреваруваат „Колдплеј“, Мајли Сајрус, Аријана Гранде, Ед Ширан и Сем Смит.
Во категоријата најдобар современ аренби-албум се номинирани Бијонсе, Крис Браун, Фарел, „Мали мјузик“ и Џени Аико.
За најдобра соло-попизведба се натпреваруваат Џон Леџенд, Сиа, Сем Смит, Тејлор Свифт и Фарел Вилијамс.
Церемонијата на врачување на наградите „Греми“ ќе се одржи на 8 февруари и ќе биде емитувана во живо на телевизија „Си-Би-Ес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.