Италијанска марка за чанти и чевли „Ballin“, крсти свој модел чанта на сопругата Џорџ Клуни, Амал. Чантата е наречен едноставно „The Amal“.
Кожната торба во кафеава или црна боја е омилена на сопругата на Клуни, која беше забележана со неа многу пати во изминатите неколку месеци.
Во јуни Амал беше со оваа торба за време на „Светскиот самит за прекин на сексуалното насилство за време на конфликтот“ во Лондон. Таа ја комбинира со портокалов фустан и чевли со цветни мотиви.
Во мај, госпоѓа Клуни, беше забележана со чантата за време на прошетка во Лондон. Тогаш Амал беше облечена во розова наметка, а косата и беше пуштена со благи кадрици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.