| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаускипинг“, во домот постојат осум места и предмети, на кои има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка. Меѓу нив се и четкицата за заби, далечинскиот управувач и крпите во бањата. ­

– Малкумина се оние кои имаат време еднаш во седмицата да исчистат се што треба, но и кога имаме време, ги занемаруваме нештата кои носат опасност, се вели во студијата.

На четкицата за заби се собираат бактерии од устата на човекот кој ја употребува, но и од ВЦ­ школката во близина и водухот што струи. За да се спречи ширењето бактерии, експертите препорачуваат редовно пуштање вода и секогаш да го спуштаме капакот на тоалетната школка.

„Магнет“ за бактерии се и тастатурата, екранот, кујнските крпи и сунѓери, милениците, теписите… Тука се вбројува и чантата, која жените честопати ја спуштаат на под, без разлика каде во моментот се наоѓаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top