| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Resist! What?“ на МОМИ во Загреб (галерија)

 Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Хрватското друштво на ликовни уметници, во петокот, организираа отворање на изложбата „Resist! What?“ на група МОМИ во галерискиот простор на „Галерија Карас“ во Загреб, Хрватска. На изложбата се претставија уметниците-членки на групата МОМИ: Марија Сотировска, Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Маја Кировска, Христина Зафировска, Татјана Ристовска и Кристина Хаџиева.

12

Пригоден говор на отворањето оддржаа претседателот на ХДЛУ, г-дин Јосип Занки, амбасадорката на Р. Македонија во Р. Хрватска г-ѓа Даниела Караѓозоска и Христина Зафировска претставник од ДЛУМ и член на уметничката група МОМИ.

1

„Авторките од уметничката група „МОМИ“ го реализираат своето креативно и критично делување во рамките на едно јадро, во поширока перспектива на потврда на своите позиции не само во рамките на локалната уметничка сцена, туку и во регионот. Иако сосема дивергентни по својот сензибилитет и своите одделни уметнички интереси, заедничкото функционирање на овие авторки создава хомогена група која својот интерес го базира доминантно врз универзални хуманистичко-критички теми на интерес, со допирање на женскиот принцип во сите сфери на создавање и дејствување. Во своите дела „МОМИ“ нудат иронични и духовити одговори на многу етички прашања кои влијаат врз индивидуата, а се иницирани од различни теми од секојдневието-општествената патологија, економските состојби, политиката,социјалните и родови прашања… Нивната хетерогеност условува и потреба претставувањата да гравитираат околу една, вообичаено двосмислено насловена тема, која нуди широк простор за повеќеслојни толкувања од различни аспекти.

4

Според „МОМИ“, изложбата насловена „Resist! What?“ повторно дава можност за двозначно толкување – како отпор и да се оддолее – како критичка свест и отпор кон одредените репресивни општествени аномалии; социјално-економската несигурност, родовите/културолошките стереотипи; секојдневната глобална социјална комуникација, … но, во својата спротивност и како потреба/нужност/желба/намера да се „истрае“ пред предизвиците на „радосните животни моменти“ и себесатисфакцијата, односно еден хуманистички, хедонистички, па дури и забавно декадентен „чин на творење и битисување“, вели кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска.

7

DSC_0153

DSC_0221

DSC_0233

DSC_0294

DSC_0303

DSC_0320

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top