| четврток, 6 декември 2018 |

Нова поетска книга од Раде Силјан

Rade Siljan - Otvorena Kniga - KORICA

Но­ва­та стихозбирка на сов­ре­ме­ни­от ма­ке­дон­ски по­ет и ли­те­ра­ту­рен кри­ти­чар, Ра­де Сил­јан но­си нас­лов “Отворена книга”, а ја објави “Ма­ти­ца ма­ке­дон­ска” од Скопје. Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три цик­лу­си, кои гра­дат ед­на не­раз­дел­на те­мат­ска це­ли­на.
За најновото дело на Силјан, академик Матеја Матевски пишува дека тоа е „оптимистички и утописки повик на поет, со оглед на реалноста на белата чума што не опфаќа. Оваа молитва претставува ода на животот. Тоа е возвишен солилоквиум, едно хумано чувство што предупредува за загрозите што ги носи човекот во себе… Во сето тоа впечатливо е присутна поетичката доследност, плавното структуирно пеење и прочистениот негов јазички исказ со сиот вокабулар од пробрани зборови, сјајни и изцирни како шурка од поточе тукушто одделено од изворот. Тоа е чистота што обзема, доживеан и умеан подбир на слики, од првите акорди до финалето на таа ведра и убава мелодија.“

Раде Сил­ја е автор на петнаесет по­ет­ски кни­ги и по­ве­ќе кри­тич­ко-есе­ис­тич­ки де­ла пос­ве­те­ни на ма­ке­дон­ска­та кни­жев­ност. Не­го­ви де­ласе пре­ве­де­ни на ан­гли­ски, ру­ски, тур­ски, ита­ли­јан­ски, пол­ски, ро­ман­ски, унгарски, украински, срп­ски, бу­гар­ски, грч­ки, и ла­тин­ски ја­зик. Добитник е на национални и меѓународни награди, како и на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top