Тимот на Саутемтпон, кој беше најпријатното изненадување во Премиерлигата, синоќа на домашен терен загуби од Манчестер со 2-1, со што фудбалерите на Јунајтед ја забележаа петтата победа по ред и избија на третото место.
Најзаслужен за победата беше Робин ван Перси, кој погоди во 12. и во 71. минута.
Голот за домаќините беше дело на Грацијано Пеле во 31. минута.
Со новите три бода тимот предводен од Луј ван Гал полека фаќа приклучок со водечките две позиции кои пред 5-6 кола изгледаа недостижни.
Во текот на викендот се одиграа другите дуели од 15. коло: Вест хем – Свонси 3:1, Астон вила – Лечестер 2:1, Њукасл – Челси 2:1, Хул – ВБА 0:0, Ливерпул – Сандерленд 0:0, КПР – Барнли 2:0, Стоук – Арсенал 3:2, Тотенхем – Кристал палас 0:0 и Манчестер сити – Евертон 1:0.
Табела: Челзи 36 бодови, Манчестер сити 33, Манчестер јунајтед 28, Вест хем 27, Саутемптон 26, Арсенал 23,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.