| четврток, 6 декември 2018 |

Снег на повисоките места во Македонија

Вечерва снег паѓа на повисоките места во Македонија. Снежна покривка од неколку сантиметри има на Шар Планина, снег помешани со дожд паѓа на планинскиот превој Стража, но не претставуаат никаков проблем за одвивањето на сообраќајот.

Послаб снег паѓа и на Бистра, а во Маврво скијачките патеки побелеа, но се уште нема доволно снег за скијање.

Снег паѓа и на Кожуф,а комбиниран со дожд паѓа и на Водно.

Во останатиот дел од Македонија врнежите се претежно од дожд. Метеоролозите не најавуваат интензивни снежни врнежи во котлините во наредните неколку денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top