| четврток, 6 декември 2018 |

„Република“ на женското Европско ракометно првенство

gjole vo brazil 5

Фотографот на „Република“ Ѓорги Личовски ќе биде дел Европското првенство за ракомет за жени. „Република“ секојдневно ќе објавува информации, фотографии и пикантерии од случувањата на првенството кое се одджува во Унгарија и Хрватска. Првенството започнува денеска.

Во втората фаза (13-17 декември) ќе се пласираат најдобрите три првопласирани селекции од секоја група, А и Б ќе ја формираат новата група 1 (Дебрецен), додека Ц и Д (Загреб) ќе ја формираат новата група 2. Во вториот круг репрезентациите пренесуваат бодови освоени против селекции со кои се пласирале во втората фаза.
На овој континентален собир нема да учествува македонската репрезентација, но има голем број на ракометарки од нашиот женски шампион Вардар кои ќе играат на ЕП. Вкупно 10. Вардарки избранички на тренерот Индира Кастратовиќ ќе настапат за своите селекции:
Хрватска: Маја Зебиќ, Андреа Пенезиќ.
Франција: Амандин Лејно, Сираба Дембеле.
Германија: Ања Алтхаус.
Црна Гора: Андреа Кликовац, Јованка Радичевиќ.
Русија: Олга Черноиваненко, Алена Ихнева.
Србија: Андреа Лекиќ.
Европско првенство (жени)
Унгарија-Хрватска (7-21 декември 2014 год.)
Група А (Ѓер – Унгарија)
1. коло
7 декември 18:00 ч. Шпанија-Полска
7 декември 20:30 ч. Унгарија-Русија
Група Б (Дебрецен – Унгарија)
1. коло
7 декември 18:15 ч. Норвешка-Романија
7 декември 20:30 ч. Данска-Украина
Група Ц (Вараждин – Хрватска)
1. коло
8 декември 18:00 ч. Германија-Холандија
8 декември 20:15 ч. Шведска-Хрватска
Група Д (Осиек – Хрватска)
1. коло
8 декември 18:00 ч. Франција-Словачка
8 декември 20:15 ч. Црна Гора-Србија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top