Даниел Георгиевски се врати на фудбалските терени, по 4-месечна пауза поради скршеница на ногата и се најде на списокот на Чедомир Јаневски, од 23 фудбалери, што ќе бидат во комбинација за настап против Белгија. Одличниот десен бек синоќа играше за Стеауа како стартер, до 52. минута против Чехлаул.
Против Белгијците ќе играме два меча во кус период, а двомечот започнува на 22. март во Скопје, за да продолжи во Брисел 4 дена подоцна.
На листата повикани фудбалери, за клучните дуели нема нови имиња, ниту дебитанти и Јаневски одлучи да се потпре на проверени сили.
Голмани:
Мартин Богатинов (Карпати, Украина)
Томе Пачовски (Мехелен, Белгија)
Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)
Одбрана:
Александар Тодоровски (Полонија, Полска)
Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија)
Стефан Ристовски (Бари, Италија)
Николче Новески (Мајнц, Германија)
Ванче Шиков (Волин, Украина)
Александар Лазевски (Партизан, Србија)
Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија)
Даниел Мојсов (Таврија, Украина)
Среден ред:
Мухамед Демири (Тун, Швајцарија)
Остоја Стјепановиќ (Вардар)
Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел)
Ферхан Хасани (Волфзбург, Германија)
Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)
Никола Глигоров (Алки, Кипар)
Напад:
Иван Тричковски (Бриж, Белгија)
Горан Пандев (Наполи, Италија)
Мирко Ивановски (Астра, Романија)
Агим Ибраими (Марибор, Словенија)
Александар Трајковски (Зулте В., Белгија)
Адис Јаховиќ (Цирих, Швајцарија)
Нашиот национален тим првиот собир го има в понеделник, на 18 март во 12.00 часот, во хотел “Александар Палас“. Истиот ден во 18.00 часот селекцијата ќе го одработи првиот тренинг на националната арена “Филип Втори“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.