Последниот натпревар во 2014 година во Лигата на шампионите македонскиот шампион Металург го игра во СЦ „Борис Трајковски“ против белорускиот преставник Мешков Брест.
По првото полувреме тимот од Автокоманда е на негатива од само два гола, имајќи предвид дека на само две минути до крајот на првиот дел губеше со четири разлика.
Овој натпревар е да се биде или не за Металург бидејќи со пораз ќе ги загубат сите шанси за пласман во следната рунда на пролет.
По добро познатите состојби во клубот, Шефот на стручниот штаб Лино Червар излезе со состав кој треба да ја понесе цела сезона на свој грб, од таму и заморот си го прави своето. Нападите се забавени и без идеја.
Металург добро го отвори резултатот и се до 15 минута имаше предност. По двата нереализирани пенали од Вугринец и Мојовски, Мешков Брест направи серија од шест голови со кои дојдоа до водство. На голот Пешиќ одбрани 5-6 зицери и им даде ветер во грбот на своите соиграчи во нападот.
Грубата игра на гостите резултираше со неколку заслужени исклучувања, но тоа Металург не го искористи. Интернационалниот состав на Мешков Брест во кој има дури 10 странски играчи одлично се разбира во одбраната и создава лесни контранапади.
Во вториот дел се очекува да се рашири играта по крилата за да се отвори повеќе простор и во средината од нападот и повеќе шанси за бековите и на линијата од шест метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


