| четврток, 6 декември 2018 |

Банкротираше „Mexx“

Холандскиот трговски ланец на продавници за облека „Mexx“ прогласи банкрот пред Tрговскиот суд во Амстердам.

Холандската модна куќа има 315 продавници во Европа, пред се во Белгија, во кои има вработено 1.500 работници.

Продавниците за сега остануваат сеуште отворени, пренесува весникот „Financieele Dagblad“.

Во Белгија во текот на претходните две реструктуирања беа отпуштени треиесетина вработени, а голем број на продавници беа затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top