| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Претседателот Заев изрази подготвеност за унапредување на досегашната соработка и му посака успешна работа на новиот известувач.

Воедно, во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодари за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на европските интеграции.

Европратеникот Вајгл потенцираше дека интеграцијата на Република Македонија во ЕУ го смета за приоритет. Тој најави продолжување на пријателската помош и поддршка за Република Македонија за земјата да ги достигне потребните стандарди за членство во ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top