| четврток, 6 декември 2018 |

Невнимание при ракување со експлозиви, причина за несреќата во рудникот Добрево

добрево

До несреќата во рудникот Добрево дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите, објаснуваат од компанијата што го раководи рудникот „Индоминерали и метали“.

Во несреќата, двајца рудари беа повредени. Еден од нив се здоби со потешки телесни повреди, додека другиот има полесни повреди, но и двајцата се надвор од животна опасност. И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип, објаснуваат од компанијата.

„Индоминерали и метали Македонија“ се во постојан контакт со повредените рудари и ќе ја следат нивната ситуација се до нивното целосно заздравување. Надлежните се веќе на терен и ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за несреќата.

„Компанијата останува посветена на грижата за сите вработени и ги прави сите потребни напори, со цел намалување на бројот на несреќи предизвикани од човечка грешка“, соопшти оваа компанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top